Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град!

Објавил: admin@magazin | 26 мај, 2021 8:48

АКТУЕЛНА НАЈАВА: ОД ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА И ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до околу 29 степени.

Потоа локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град се очекува и утре особено попладне, додека од петок условите за нестабилност ќе бидат помали. Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека особено во петок ќе дува и умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...