Локално процесите ќе бидат во форма на НЕВРЕМЕ, со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Објавил: Владо Марин | 19 август, 2021 17:29

АКТУЕЛНА НАЈАВА: УТРЕ ПОПЛАДНЕ И НАВЕЧЕР, КАКО И ВО САБОТА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов ќе имаме претежно стабилно и суво време, додека утре попладне и навечер и тоа особено во јужната половина од државава ќе има локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во сабота на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на НЕВРЕМЕ, со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Веќе од  недела ќе имаме стабилизирање на времето. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34, 35 степени, додека од недела истите ќе бидат за неколку степени повисоки.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре попладне и навечер, како и во сабота во случај на појава на електрични празнења да  не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така граѓаните, во случај на силен ветер своите автомобили да не ги паркираат во близина на дрвјата.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...