најново метео

Објавил: Владо Марин | 9 јули, 2021 7:39

АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОД ДЕНЕС ПОПЛАДНЕ ПА ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ НЕВРЕМЕ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Кон крајот на денот локално ќе биде нестабилно со улсови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи во интервалот од 31 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Кон крајот на денов локално ќе има услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени.

Потоа за време на викендот и тоа особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пад и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Во почетокот од следната недела повторно се очекува стабилизирање на времето и пораст на температурите.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...