И утринава аерозагадувањето во Куманово беше над дозволените граници, во црвената зона со повеќе од 50мг ПМ10 честици на метар кубен.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 октомври, 2019 14:09

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА: Измерени над 1800 микрограми ПМ10 честички во Куманово!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синоќа во Куманово во воздухот беа измерени над 1800 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух или 35 пати повеќе од максималното дозволените граници.

Вчера жителите на Куманово се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.

Загадувањето на воздухот започна по 18:00 часот, а граѓаните реагираа на социјалните мрежи, кои споделуваа фотографии од апликацијата “Мој воздух” и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.

Исто така и утрово аерозагадувањето во Куманово беше над дозволените граници, во црвената зона со повеќе од 50мг ПМ10 честици на метар кубен.

Синоќа во Куманово во воздухот беа измерени над 1800 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух или 35 пати повеќе од максималното дозволените граници.

Под загадување на воздухот се подразбира внесување на нови некарактеристични физички, хемиски и биолошки материи во [Атмосфера|атмосферскиот] воздух или промена на одамна веќе присутните концентрации на овие материи во животната средина.

Загадување на воздухот е широк термин применет на хемиски, физички (на пр. честички), или биолошки агенси кои ги менуваат природните карактеристики на атмосферата. Загадувањето на воздухот е една несакана состојба на природната средина каде што воздухот е загаден со супстанции што се штетни за здравјето на човекот.

Загадувач на воздухот е секоја супстанца која може да предизвика штета на луѓето и животната средина. Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честици, течни капки или гасови. Освен тоа, тие можат да се природни или создадени од човекот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести