Дел од расправата се и поранешниот премиер Никола Груевски и случајот со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2019 14:10

НАПНАТА СИТУАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ: Џафери го исклучи Ѓорчев, големи тензии за Груевски и Дудуш!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска во собранието продолжи расправата за изборот на нови министри. Атмосферата е повеќе од напната помеѓу опозицијата и власта.

На денешната расправа се најде и поранешниот премиер Никола Груевски исто така и случајот со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
Пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов со фотографија од екс премиерот Никола Груевски од судот во Будимпешта, им рече на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека нема никогаш да дојдат повеќе на власт, се додека не се оградат од Груевски, известува прес 24.

– Се дури не се оградите од овој човек со лисици, капче и наочари во суд во Будимпешта, се дури не се оградите од овој човек кој уште ви ги дава насоките како да постапувате преку неговата уста и очи кој се вика Христијан Мицкоски, нема да дојдете на власт. Граѓаните не сакаат да гледаат пак такво ВМРО-ДПМНЕ кое ќе биде главен уредник на вести и полицаец во МВР, кое ќе биде и прв судија, ќе монтира судски процеси. Граѓаните нема да го дозволат тоа, рече Костадинов.

Атмосферата стана напната исто така кога пратеникот Влатко Ѓорчев, се надоврза за случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш по што веднаш реагираше претседателот на Собранието Џафери и рече дека Дудуш не е тема на денешната седница.

Исто така пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, денеска од собраниската говорница на премиерот Заев му постави прашање дали Драган Тевдовски е сменет зашто одбил да потпише заем за изградба на новиот клинички центар.

– „Прво велите дека Тевдовски ќе ви биде советник, а денес тој вика чао аморе – рече Димовски, дополнително прашувајќи кој ја прави кадровската политика во СДСМ и ги селектира функционерите”, праша денеска Димовски од говорницата во Собрание.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.