Европскиот центар за превенција предупредува за зголемување на случаите кај деца на заболени од мали сипаници.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2018 13:47

Алармантна ситуација : Расте бројот на заболени од сипаници во Европа

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Според извештајот од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, најмногу заболени има во Грција, Франција, Италија, Романија и во Велика Британија, каде што се евидентирани 85 проценти од сите случаи. Од мали сипаници починале 33 лица оваа година.

Процентот на вакцинација е во земјите е помал и затоа сипаниците со голем интензитет се шират во Европа изјавуваат од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Во Република Македонија во 2017 година се регистрирани вкупно 19 случаи на мали сипаници,а десет од нив се поврзани со епидемијата на територија за центарот за здравје во Скопје. Останатите беа поединечни случаи,пријавени од Скопје и по еден од Струга,Прилеп и од Тетово соопштија од Центарот за јавно здравје.

Мали сипаници или морбили е инфективна болест на респираторниот систем предизвикано од вирус од групата миксовируси (paramyxovirus), од родот Morbillivirus. Болеста најчесто се јавува кај малите деца, при што не се исклучени и бебињата (иако тие во првите шест месеци од животот се заштитени преку имунитетот од мајката). Симптомите на болеста се поделени во три различни стадиуми, во зависност од периодот на развој на заболувањето.

Според нивни информации и според возрасната група, десет деца се на возраст до четири години, по еден случај припаѓа на возрасните групи од пет до девет, 15-19 и 20-29 години, два се од десет до 14 години и четири случаи се возрасни, над 30 години.

Во 2018 година, најголем број регистрирани случаи на мали сипаници се од територијата на Дебар, 20 лица се жители на територијата на Центар за јавно здравје – Скопје, по два од случаите се од Охрид и Куманово, а по еден случај е од Тетово и Струга. Според распределбата по пол, 28 лица се машки, 23 женски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести