Водостојот на реката Сава ќе биде во пораст, а во следните два дена се очекуваат врнежи со помал интензитет.

Објавил: Перо Милчин | 4 јуни, 2019 19:01

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА: Цела Србија е потопена, поплавени 500 домаќинства, уништени куќи и автомобили!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во општина Лучани е прогласена вонредна состојба, поради страшните поплави кои ја задесија оваа општина, кога поради големите врнежи од дожд се изли река Бјелица.

Околу 500 домаќинства се поплавени во општина Краљево, Книч, Ивањица, Трстеник, Арилје, и Нови Пазар, а околу 300 лица се евакуирани.

Едно од најзагрозените општини од зафатените поплави е Гуча, каде реката потопи неколку хектари.

Милош Јовичиќ заменик на претседател на општина Лучани, изјави денеска за Курир дека е формирана комисија за процена на штетата.

Поплавени се стамбени и приватни објекти, автомобили, животни, штетата е преголема. Се се одигра за два до три часа. Формиравме 7 комисии за процена на штетата. Најтрагично е што овие луѓе немаат вера ни сигурност во ништо. Водата доаѓаше од покривите.

Фала му на бог нема жртви, а се другото ќе се поправи. Немавме ни струја, а денеска е тоа санирано и функционира. На еден граѓанин водата му го уништи целиот спрат, сите работи во куќата и автомобилот. 

Водостојот на реката Сава ќе биде во голем пораст, а во следните неколку дена се очекуваат врнежи со помал интензитет.

Војската на Република Србија, изјави дека е подготвена веднаш да реагира во случај на повик од Секторот за вонредни ситуации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.