Во скопско Лисиче вечерва загаденоста е највисока со 222 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, во Кичево 214, Кавадарци 200 и Струмица 197.

Објавил: Весна Петровска | 21 јануари, 2020 21:22

АЛАРМАНТНО: Во Лисиче и вечерва не се дише

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Никако да куртулиме од загадениот воздуш ширум земјава. И вечерва мапата на загаденост во Македонија повторно е во алармантна црвена боја,

Во скопско Лисиче вечерва загаденоста е највисока со 222 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, во Кичево 214, Кавадарци 200 и Струмица 197.

Македонија има огромни проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, Куманово, но загаденост е присутна и во другите градови.

Инаку пред неколку дена излегоа и официјалните податоци од СЗО, каде се наведува дека во светот годишно од загадениот воздух умираат 8,8 милиони луѓе, додека од пушењето умираат 7,2 милиони. Во Европа, од загадениот воздух умираат околу 790 000 лица годишно.

Во Источна Европа, според СЗО, ситуацијата е посебно алармантна во Бугарија, Романија, Украина и Хрватска.

Македонија не е на оваа листа на СЗО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести