Се поголем број на луѓе посегнуваат по својот живот, а здравтсвените работници се наработ на издржливоста. Ковид-кризата го зголеми и бројот жртви на семејно насислтво, во интервју за Телма, потенцира првиот човек на Психијатрија, Стојан Бајрактаров.

Објавил: admin@magazin | 1 декември, 2020 6:45

АЛАРМАНТНО: За 30% зголемени обидите за самоубиства во изминатите шест месеци во Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Изминатите шест месеци за 30 отсто е зголемен бројот на самоубиства, алармираат психијатрите.

Се поголем број на луѓе посегнуваат по својот живот, а здравтсвените работници се наработ на издржливоста. Ковид-кризата го зголеми и бројот жртви на семејно насислтво, во интервју за Телма, потенцира првиот човек на Психијатрија, Стојан Бајрактаров.

Со него разговараше Нина Стефанова.

Бројот на умрени лица од насилна смрт во Македонија, е намален за 4,8 отсто во однос на претходната година и изнесува 454 умрени лица, информираат од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Последните податоци од ДЗС, кажуваат дека умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет во државата учествуваат со 2,2 отсто.

– Во структурата  на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2019 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа  75,1 отсто. Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 71,4 отсто, потоа самоубиствата со 23,3 отсто и убиствата со 5,3 отсто. Во категоријата несреќни случаи најголемо учество со 40,5 отсто имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда, соопштија од ДЗС.

Кај категоријата самоубиства како што истактнуваат од ДЗС на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 13,2 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.