Пожарот меѓу селата Косел и Опеница избувна вчера попладне.

Објавил: Перо Милчин | 25 август, 2019 19:48

АЛАРМАНТНО: Канадери го гаснат пожарот кај Опеница во Охрид!

Фото/Текст извор: ©ohrid news

Канадери цело попладне го надлетуваат Охрид.

Овие специјални летала учествуваат во гаснењето на пожарот што веќе втор ден беснее помеѓу селата Опеница и Косел.

Тие полнат вода од Охридското Езеро која ја испуштаат врз пламените јазици кои ја голтаат боровата шума во месноста Јасика.

Овие специјални летала учествуваат во гаснењето на пожарот што веќе втор ден беснее помеѓу селата Опеница и Косел.

Во насока на ставање на состојбата под контрола претпладнево заседаваше Кризниот.

Пожарот меѓу селата Косел и Опеница избувна вчера попладне.

Пожарникарските екипи веднаш излегоа на терен, но станува збор за непристапен терен штаб на општина Охрид кој утврди мерки и понатамошни чекори кои се преземат со цел што поскоро да се совлада огнената стихија.

Чадот од пожарот синоќа го прекри Охрид, каде силно се чувствуваше непријатен мирис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести