Кучето се стави во карантин во одделот за животни, соопшти владата на Хонг Конг.

Објавил: Перо Милчин | 29 февруари, 2020 17:34

АЛАРМАНТНО: Коронавирус пронајден кај куче – домашното милениче веднаш ставено во изолација

Фото/Текст извор: ©магазин

Едно куче во Хонг Конг е заразено со коронавирус, соопштија локалните власти.

Кучето е домашно милениче и е откриено дека има „пониско ниво“ на вирусот, се вели во соопштението од градското Министерство за земјоделство и риболов.
Тие не дадоа повеќе детали, освен дека ќе бидат спроведени дополнителни тестови за да се утврди дали кучето навистина е заразено или е само предавател низ усните и устата.

Инаку, претходно се сметаше дека коронавирусот се шири на бројни начини. Сепак, властите на Хонг Конг велат дека нема докази дека миленичето може да се зарази или да биде извор на зараза за луѓето.

Кучето се стави во карантин во одделот за животни, соопшти владата на Хонг Конг.

Нема нови заразени од корона вирус во Македонија. Негативен е и последниот тест кој попладнево е направен кај жена која пред три дена допатувала од Италија и се пожалила на проблеми со дишењето. На лекување останува единствената пациентка која е заболена од Ковит-19.

„Резултите за двајцата пациенти од вчера се негативни. Негативен е резултатот и кај возачот кој го упраувал комбето со кое се превезувала пацинетката кај која е утврден коронавирусот, кој пак и понтаму ќе остане во домашна изолација се до 14-от ден кога завршува инкубацијата, а после лекарите ќе одлучат дали пвоторно ќе се тестира.“ изјави Венко Филипче

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Криза

Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.

„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.

„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.

Израелска армија: Ја презедовме контролата на целиот граничен појас со Газа

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри изјави дека армијата е во состојба...

Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање вети дека Украина на крајот ќе ги врати градовите што ги изгуби од почетокот на сеопфатната инвазија на Русија на 24 февруари.

Руски проектили погодија станови во Киев

Повеќе експлозии одекнаа во станбена населба во украинскиот главен град рано на 26...