Како што е наведено, носители на тој вирус се свињи, но научниците тврдат дека луѓето исто така можат да бидат заразени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2020 12:04

АЛАРМ! Кинезите открија нов вид на вирус: Агресивен, полесно се пренесува а може да предизвика и пандемија!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Reutes/BBC

Кинеските научници идентификуваа нов вид вирус кој има пандемски потенцијал.

Како што е наведено, носители на тој вирус се свињи, но научниците тврдат дека луѓето исто така можат да бидат заразени.

Како што е наведено, носители на тој вирус се свињи, но научниците тврдат дека луѓето исто така можат да бидат заразени.

Истражувачите се загрижени дека вирусот може да продолжи да мутира, така што може лесно да се пренесе од личност до личност.

Бидејќи вирусот е нов, луѓето ќе имаат малку или воопшто ќе немаат имунитет.Порано имало слични предупредувања, но овој пат опасноста е особено голема, бидејќи се јавува среде пандемија на корона вирус и дискусии за масовно одгледување добиток што влијае на ширење на инфекцијата, пишува научно списание ПНАС.

Сарс-CoV-2 и обичниот грип во исто време – и таквото сценарио, за кое научниците велат дека е реално можно во есен и зима – „би било катастрофално“, бидејќи единицата за интензивна нега нема да има доволно капацитет да прими голем број на пациенти.

Загрижувачките резултати доаѓаат од студијата на кинеските виролози, ветеринари во Пекинг и Центарот за рано предупредување на кинеската академија на науките.

Според странските медиуми, една десетина од работниците во фармите веќе биле во контакт со вирусот, а од 2016 до 2019 година многумина се заразиле со таа варијанта на вирусот.

Нови сознание за сега нема, но научниците во другите лаборатории регистрирале и посебен тип  на вирусот Г4, но дури и тие анализи се стари две или три години, што доведува до заклучок дека, барем засега, не постои опасност од пандемија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.