Таа на прес-конференцијата рече дека во тој период земјата ќе биде во таканаречената блокада.

Објавил: Перо Милчин | 21 декември, 2020 19:57

АЛБАНИЈА ВОВЕДУВА ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Нема излегување после 20.30 до 6 часот наутро, затворени ресторани и кафулиња

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу најави дека мерките за спречување на ширење на коронавирусот ќе бидат засилени во следните 10 дена и дека ќе се воведе полициски час од 24 декември до 5 јануари, кој ќе важи од 20:30 до 6 часот наутро.

Таа на прес-конференцијата рече дека во тој период земјата ќе биде во таканаречената блокада.

За тоа време, баровите и рестораните нема да работат, а агенциите за доставување храна или службите за итни случаи се изземени од мерките.

Мерките ќе важат само за време на претстојните празници од страв од ширење на вирусот корона.

– Бидејќи влеговме во период на одмори, врз основа на проценка на ризик што ја носат собирите и зголемувањето на контактите, по анализа на состојбата донесовме неколку одлуки. Така, почнувајќи од 24 декември до 4 јануари ограничувањето на движењето на населението ќе биде од 20:30 до 06:00 часот наутро. Од ова се изземаат службите за инти потреби и медиумите.Од петти јануари полицискиот час се враќа од 22:00 до 6:00 часот,рече Манастирлиу.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...