Барберо посочи дека НАТО е подготвено да помогне и да одговори на било каков напад и дека  „нема опасност од глобален конфликт“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јануари, 2020 18:35

“Албанија да биде внимателна, може да биде следната мета на Иран”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Михаел Барберо, американски генерал кој престојува во Тирана денеска истакна дека Албанија треба да биде внимателна бидејќи токму таа може да биде следна цел на Иран.

За жал, секој американски пријател или наш сојузник може да биде цел. Будноста е особено важна за ова, пред се во областа на кибернетиката, бидејќи Иран има многу софистицирани можности за кибер напади. Поради оваа причина, Албанија мора да биде многу внимателна во напорите за борба против тероризмот и кибер нападите, одговори генерал Барберо.

Американскиот генерал предупреди дека Албанија може да биде следната мета на Иран

Барберо посочи дека НАТО е подготвено да помогне и да одговори на било каков напад и дека  „нема опасност од глобален конфликт“.

Не верувам дека постои глобален конфликт на хоризонтот. НАТО мора да ја интензивира поддршката за операциите во Ирак. НАТО е сојуз што продолжува да биде важен и делува соодветно. Мислам дека НАТО ќе одговори на каков било вид напад врз која било од нејзините земји-членки, нагласи американскиот генерал.

Ваквата изјава на Барберо следува откако вчера иранскиот духовен водач, ајатолахот Али Хаменеи  ја прогласи Албанија за непријател и ја нарече „мала ѓаволска земја“, на што албанскиот премиер Еди Рама одговори дека Албанија е пријателска земја.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.