Растот на долгот меѓу другого споредено со претходната година, кога овој показател изнесувал 77,8 отсто е последица и на издадената еврообврзница од 650 милиони евра на крајот од минатата година.

Објавил: admin@magazin | 29 јануари, 2022 18:21

Албанија минатата година со историски највисок јавен долг од 80,1 осто од БДП

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавниот долг на Албанија на крајот на 2021 година достигнал рекордно ниво од 80,1 отсто од бруто домашниот производ, што е највисоко во периодот на транзицијата.

Растот на долгот меѓу другого споредено со претходната година, кога овој показател изнесувал 77,8 отсто е последица и на издадената еврообврзница од 650 милиони евра на крајот од минатата година.

Независно од двата удари кои ги доби економијата, катастрофалниот земјотрес во ноември 2019 и пандемијата со ковид-19, кои го доведоа во тешка ситуација државниот буџет, одржувањето под контрола на јавниот долг, беше континуирано барање на меѓународните финансиски институции. Така, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, предупредуваа дека зголемувањето на јавниот долг претставува ризик за економијата, а владата ќе биде принудена да ги намалува инестициските трошоци.

И покрај сите препораки, владата пред една година ги прекрши фискалните регулативи зголемувајќи го буџетскиот дефицит на 120 милијарди леки, а како последица на тоа и јавниот долг, со образложение дека тоа е итно неопходно во ургентни услови и потреба во рамки на пандемијата. Во последните две години јавниот долг  зголемен е за 2 милијарди евра. Оваа година владата вети намалување на јавниог долг, кој на крајот на годинава се планира да изнесува 78,9 отсто од БДП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.