Четврта седница на Собранието на албанската опозиција, по Скадар, Елбасан и Драч, овој пат во Валона, пораката денес гласи дека Националниот театар ќе му пресуди на Рама

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 12:33

Албанија со паралелно Собрание, една во Тирана, друго во Валона

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Албанската опозиција продолжува со бојкотот на Собранието и денеска наместо во собраниската сала ќе заседава во приморскиот град Валона.

Наспроти опозицијата, пратениците од владејачкото мнозинство денеска ќе расправаат за законот за Националниот театар, кој албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша и го врати на повторно разгледување.

Инаку, ова е четврта седница на албанскиот законодавен дом по летните одмори. Опозицијата претходните три ги одржа во Скадар, Елбасан и Драч, градови во кои, како што обвини лидерот на демократите Љуљзим Баша, “цвета” криминалот поддржан од власта.

Ослободување на власта од криминалот останува апсолутен приоритет на опозицијата во новата парламентарна сесија, порача претходно Баша.

Тој синоќа по средбата со претставници на тетарските уметници ги предупреди пратениците на владејачката Социјалистичка партија, дека доколку го изгласаат законот за уривње на Националниот театар, тогаш од страна на опозицијата ќе бидат сметани за терористи.

Со изгласувањето на законот се отвора патот за сојуз меѓу премиерот Еди Рама и компанијата “Фуша” да се сруши еден бисер од културното наследство, заради “нивните финансиски и мафијашки интереси.” – обвини Баша.

Чекорот кој се очекува да го направи владејачкото мнозинство Баша го поистовети со државен удар.

* Националниот театар, кој се смета за еден од најубавите и најзначајните објекти по кој е препознатлива Тирана, е дело на италијанскиот архитекст Џулио Берте.

Тој почнал да се гради во 1938 по барање на албанското кралско семејство, а бил изграден следната година.

Целиот комплекс “Национален театар” oпфаќа површина од 13.000 квадратни метри, во кој освен тетарот, се наоѓаат и бибиолтека, центарот на преведувачи и информативен центар.

Владата на местото на театарот планира изградба на неколку повеќекатници, а нов театарски објект ќе се гради на друга локација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.