Конгресот на кој е втемелена унифицираната албанска азбука не е само чин кој треба да го чествуваат Албанците, тоа е гордост и на Македонците, Власите и пред се битолчани и Битола

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 10:43

Албанска азбука е создадена и од Албанци христијани и Власи!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Прилично често и дотолку навредливо албанскиот народ како сосед ни се претставува како географска одредница на која живее исклучиво муслиманско население.

И тој историски факт за постоењето на еден народ не е точен дотолку повеќе е навредлив.

Во Албанија своевремено живееше скоро повеќе од 40% Христијанско население претежно од Католичка вера но и православно население кое во основа и ги формираше сите модерни промени во општеството. Добар дел од Албанците кои дадоа голем придонес кон тие промени беа и со Влашко потекло.

Зошто денес некој сака да се искриви овој историски факт е прашање за официјалната политика на официјална Тирана.

Историските факти не се навредлива содржина туку се причина повеќе за мултиетнички и мултикултурен соживот меѓу Македонскиот и Албанскиот народ на Балканот, но низ годините како и денес се причина за поделби и фанатичен радикализам.

Албанскиот јазик е јазик кој е проценето дека го говорот нешто околу 6 до 7 милиони луѓе, првенствено во Албанија и Косово а се користи и во Црна Гора, Македонија и Грција, но исто така и во другите Балкански земји, како и во емигрантските групи во Италија. Јазикот е еден посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во Македонската терминологија се користел терминот “арнаутски јазик”.

Во речниците на Ѓорѓија Пулески јазикот пак е именуван как “арабански”.

Во основа денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гетите кој и покрај стандардизацијата се уште масовно го користат во Косово но и делови од Македонија. Впрочем се уште постои големо несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик а некои научници одат до таа граница да бараат повторна стандарцизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект.

Постои и залагање Косово да го земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекта. Инаку лексичкиот фонд е гласно латински, со романски, грчки, македонски, српски и турски примеси.

Постојат два диференцијални дијалекти на албанскиот, тоскански дијалект и гегски дијалект. Спорот со дијалектите и нивниот официјален статус и денес не е разрешен во албанската наука и општествена јавност. Имено денес службено и официјално се тврди дека албанскиот јазик е синтеза на двата дијалекти што е насилно наметната теза од Енвер Хоџа и неговата политика.

Битола е местото кое во најмала рака е свето по основ на писменоста на Албанскиот народ и тоа така треба да се чествува, како оваа јубилејна 110 годишнина, но настанот останал етничко чист, при што иако прокламирано, декларативно соживотот на Балканот е далеку од реалноста. 

Денес албанскиот јазик се базира на тосканскиот дијалект и како таков не е прифатлив за населението што користи гегски дијалект.

Гегите и денес пишуваат и творат на гегски дијалект но поради тоа и денес се прогонувани и казнувани таквите активисти. Разликите меѓу двата дијалекти е огромна, дури поголема отколку некои словенски јазици како на пример словенечкиот со српскиот јазик.

Од вкупното население на Балканот околу 2/3 зборуваат на гегски дијалект. Тој дијалект е лексички побогат, почист и има поголема изразна можност брагодарение на влијанието на соседните македонски и српски јазик.

Од тие причини години порано во 1908 година во Битола е одржан познатиот Битолски конгрес за стандардизација на албанската азбука која пак била во три пати полоша состојба. Битолскиот конгрес бил академска конференција одржана во Битола од 14 до 22 ноември 1908 година со главна цел, стандардизирање на албанската азбука. Од таа причина денес 22 ноември е комеморативен ден во Албанија, Косово и Македонја но и низ целата албанска дијаспота, познат како Ден на азбуката.

Во суштина на конгресот албанскиот јазик се унифицирал како преходно се пишувал по дури шест различни азбуки и уште четири под-варијанти.

Конгресот се одржав во куќата на Фехим Завалани [1859 – 1935] кој бил познат албански писател. Негоовиот син Тајар Залавани [1903 – 1966] пак бил историчар, новинар и преведувач и од 1940 година работел за BBC сервисот во редакцијата на албански јазик се до својата смрт.

Предлогот конгресот да се одржи во куќата на Фехим го дава како сугестија Луиѓ Гуракуќи  [1879 – 1925] кој бил албански писател и политичар кој бил евреин по потекло а во своето творештво го користел пред се латинскиот јазик пред италијанскиот и албаскиот јазик.

Музејот на Албанската азбука е првата Национална установа од огромно значење и за народот на Република Македонија и за етникумот во Македонија но и за Македонскиот јазик, сепак, на прославите се манифестира чистородна национална припадност на јазик во чие создавање учествувале и христијани и власи и Македонци.

Во куќата на Завалани бил сместен комитетот “Башкими” т.е. Единство. Завалани како домаќин ја имал честа да ја го има и воведниот збор и да го отвори конгресот. На истиот присуствувале истакнати личности од албанскиот културен и политички живот но и претставници на албанската дијаспора.

Биле присутни делегати од 23 градови и населени места како и претставници на културни институции со што бројот на делегати бил 32 со право на глас и 18 биле набљудувачи.

На почетокот на конгресот делегатите избираат комисија која е составена од осум члена која треба да раководи со конгресот преку дебати и дискусии. За претседател на комисијата е избран Герг Фишта поточно отец Герг Фишта [1871 – 1940] поет, писател, свештеник, преведувач и покасно член на албанскиот парламент. Отец Герг Фишта по вокаци бил католички теолог и бил столбот на католичката црква во Скадар.

За потпретседатели на комисијата и претседател на конгресот е избрани Мидхат Фрaшери [1880 – 1949] познат и како Лумо Шкендо кој бил дипломат, писател и политичар кој е роден во Јанина а починал во Њу Јорк. Фашери е внук познатиот албански поет Наим Фрашери, внук е на Мехди Фрашери кој отслужил два мандати како премиер на Албанија од кои последниот под нацистичко владеење на Германија.

За секретар на комисијата е избран и Луиѓ Гуракуќи [1879 – 1925] а останатите пет члена се Герг Кирјази [1868 – 1912] роден Битолчанец кој бил влав по етничка припадност а со неговите сестри ја раководел и Протестантската црква во Битола. Ндре Мједја [1866 – 1937] кој исто така бил католички свештеник но и педагог – теолог, писател и лигвист. Бајо Топули [1872 – 1930] кој бил директор на Отоманското школо во Битола а неговиот брат Черчиз Топули [1880 – 1915] бил познат борец прво против Османлиите па против Грчките власти.

Позната е неговата изрека: “Секој Муслиман има должност да умре за христијанин, бидејќи тој е крв на неговата крв; на ист начин секој Христијанин треба да умре за Муслиман, кој исто така е крв од сопствената крв”.

Се претпоставува дека Топули се власи. Сотир Печи [1873 – 1932] кој бил политичар, професор и математичар, подоцна и министер за образование на Албанија. Сотир Печи е син на Јован Печи чие семејство е родум од село во близина на Корча и влечи православни корени со македонски етнички елемент. И петтиот член бил Хашин Колоња [1865 – 1919] познат и како Шахин Теки Колоња кој бил новинар и политичар.

На конгресот како надворешни членови на комисијата се избрани и Григор Чилка [1875 – 1919] влав од Корча кој работел како теолог во Битола и Димитар Таки Буда исто така влав и Нужет Вриони по потекло од едно најголемите земјопоседнички семејства на територијата на Албанија.

Сестрата на Герг Кирјази, Параскева Кирјази [1880 – 1970] била единствената жена која била задолжена за претседател на комисијата за унифицирање на азбуката.

Останати членови биле: Хиле Моси [1885 -1933] поет, публицист, патриот, син на Марк Моси еден од најистакнатите патриоти кои се бореа за националната химна. Тома Аврами познат и како Тома Абрами [1869  – 1943] влав по етничка определба, поет, писател и новинар. Финеаст Б. Кенеди Ривс [1867 – 1963] кој бил единствениот американец на конгресот кој во Битола и низ Албанија бил раководител на протестанстската црква а на конгресот бил поканет на молба на Герг Кирјази кој бил негов верски следбеник а носел титула почесен гостин. Михал Грамено [1871 – 1931] публицист и писател, етнички влав и Филомена А. Бонати за која нема податоци но е наведено дека била делегат од Корча и очигледно втора жена на конгресот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести