Според БЕСА на Касами и Алијанса за Албанците, процесот на отворање на Уставот беше полесниот дел, сега бараат нови амандмани за унапредување на правата на Албанците

Објавил: Мартин Попоски | 22 октомври, 2018 7:07

Албанските партии со нови амандмани или без поддршка во финалното гласање

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието е можност да се интервенира и кај зајакнувањето на правата на Албанците во Македонија е ставот на БЕСА на Биљал Касами по отпочнување на процесот за уставни измени во Собранието.

Обезбедувањето на дво-третинското мнозинство од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти. Со измените уставот ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници. – наведуваат од БЕСА.

Сега е можноста, смета БЕСА на Касами, да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија.

Идентичен став и од Алијанса за Албанците на Зијадин Села.

Отворањето на уставот беше полесниот дел од процесот. Ние не сме задолни од предложените амандмани и во втората постапка ќе поднесеме додатно нови. Албанците во Македонија мора да се рамноправен народ по секој основ. Во случај да не наидат на поддршка амандманите кои ќе ги поднесема како албанска опозиција, ние нема да го поддржиме носењето на новиот устав во неговата финална – трета фаза. – велат од Алијанса за Албанците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.