Високиот функционер на СДСМ, Џеват Исени, кој јавно се фалеше дека разрешува директори со еден потпис и го величаше Џезаир Шаќири побара одговорност од Заев и колегите од СДСМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 10:48

Албанците го напуштаат Заев, прво одговорност за вашите криминали, па избори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП), поранешен ПУИК, Џеват Исени, ја повика власта на одговорност за криминалите сторени во оваа година и пол.

Исени, преку Фејсбук статус, побара од власта прво да одговараат за криминалите, да се објават листите кој колку вработил или отупштил, а потоа да се оди на избори.

Јас првин сакам да има одговорност за оваа година и пол кој колку е вовлечен во криминал. Пратенициве кои го лажеа народов се да вратат што земале и никогаш повеќе да не бидат во листата на пратеници. Јавно да се објават листите за вработување кој колку вработил, кој пот која заслуга авансирал со позиција. Кој од кого примил мито и отпуштање од работа, се што е дојдено на мала врата. И после ајде на ИЗБОРИ. Иначе со овие кој на народов од кога го ставија газето на фотелја и го заборавија, Мрш! – напиша Исени.

Патем Исени е еден од најхрабрите фунционери на новата влада. Како претседател на бордот предложен од СДСМ во Јавното Претпријатие за изградба и стопанисување со стамбен и деловен простор, Исени со задоволство ја споделил информацијата за разрешување на 11 директори на ВМРО – ДПМНЕ и именување на нови директори, каде што потенцираше и именувањето на директорка Албанка во Охрид после 11 години.

Денеска имав особена чест, со еден потпис да разрешам 11 директори на ВМРО и да именувам 11 директори на СДСМ. Имав чест и да ја потпишам одлуката на именување на Албанката од Охрид, госпоѓата Јехона Сулејмани за директорка. После 11 години Охрид ќе има директорка Албанка. Без пречки од СДСМ дозволија да ја унапредам оваа госпоѓа. Честитки. –  рече Исени.

Исени функционер на СДСМ беше првиот кој изрази јавно задоволство за вработувањето на Џезаир Шаќири (Командант Хоџа) во Владата на РМ. Тој тогаш на својот ФБ профил, ја искоментира фотографијата на која се гледа како Шаќири излегув од владината зграда

Без предрасуди, со одлука во рака. Почитуван Командант Хоџа, денес, и секогаш ќе се гордееме со вас. Се обидоа да те уценуваат, потценуваат итн итн, но ти успеа. Не ја изневери крвта на паднатите борци, не го изневери даденото ветување. Денес предавниците треба да се соочуваат со вас, чело со чело и очи во очи, и во владините институции. Командант Џезаир Шаќири Хоџа, се гордееме со вас. – напиша тогаш Исени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.