Македонските државјани со албанско етничко потекло не сакаат на референдум каде не се албанска нација во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 10:56

Албанците збунети за референдумот “Ние сме автохтони Албанци или граѓани на Македонија”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Политичките партии постојано повикуваат да се излезе на референдумот за, како што велат, европската иднина на земјата. Овој повик беше упатен и до дијаспората која е збунета.

Но, претставниците на здруженијата на албанската дијаспора велат дека се разочарани од содржината на договорот со Грција. Според нив, тој го зајакнува македонскиот идентитет, а Албанците и понатаму нема да бидат носители на суверенитетот, додека албанскиот ќе остане јазик што го зборуваат 20 отсто од населението.

Од Албанско-американската лига велат дека дијаспората ја поддржува европската интеграција, но со еднакви права за сите.

Како ќе излезат Албанците на референдум: Ќе излезат како автохтони Албанци или како граѓани на Македонија? Зошто не учествуваа Албанците во признавањето на името на Македонија со Грција? Ова е прашање за кое сите разговараат денес. Зошто не беше вклучено албанското прашање? Албанците се тука автохтони, живеат илјадници години во оваа земја, исто како и македонскиот народ. Тука мора да живееме заедно, но рамноправни“, рече Мамут Скендери, Албанско-американска лига.

Од албанската дијаспора велат дека не се исполнети сите барања за рамноправност во државата, а ја нагласуваат и заборавената албанска платформа потпишана од сите партии, што предвидува затворање на сите отворени прашања.

Охридскиот договор не е реализиран, децентрализацијата на локалната власт, нешто што не се случи, а требаше, државноста на Албанците во Македонија како и двојазичноста. Овие барања не беа реализирани од страна на владата на Заев“, додава Скендери.

Неодамна и од Здружението на албанската дијаспора во Европа рекоа дека се против каков било договор за иднината на земјата, без решавање на статусот на Албанците како државотворен народ.

Од албанската партија на власт ДУИ, неколкупати истакнаа дека со Законот за употреба на јазиците завршува нормативниот дел од Охридскиот договор и дека нејзиното ангажирање ќе продолжи во насока на унапредување на позицијата на Албанците во земјата. 

Алијансата за Албанците, пак, е на иста линија со барањата на албанската дијаспора. Оваа опозициска партија најави дека во фазата на уставни промени што ќе дојде по референдумот ќе предложи амандмани за дефинирање за албанскиот јазик и идентитетот во личните документи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести