Нови уцени од партијата со два пратеници, или ќе нема „македонско„ кај Албанците, или БЕСА нема да гласа за уставните измени.

Објавил: Македонка Димкин | 10 јануари, 2019 0:47

Албанците решени да одат до крај, или „создавање на темели за конфедерација„ или не гласаме!

Фото/Текст извор: ©ТВ21

Моментот кога нема што да изгубиш а можеш само да добиеш е кога однапред ги знаеш добитните комбинации. Партијата со едвај двајца пратеници на Беса глуми Рамбо и покажува мускули знаејќи дека нема што да изгуби.

Откако вчера доцна попладнето Заев прифатил дел од амандманите на Алијансата за Албанците и БЕСА кои беа услов за поддршка на уставните измени, во негов стил без дебата, без да го праша мнозинскиот македонскиот народ, без да се советува со опозицијата, без да побара од претседателот на Републиката, вечерва Билал Касами на ТВ21 со нови уцени.


Ако не се исполнат барањата на Беса, тогаш нема да гласаат за уставните измени. Ова вечерва за ТВ21 во дебатната емисија Click Plus  го изјави лидерот од партијата со два пратеници наречена Беса, Билал Касами


Од она што до вчера било договорено, промена ќе претрпи  Преамбулата, а зборот „граѓани“, нема да се споменува два пати. Се брише зборот „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и се набројуваат сите заедници односно, „граѓаните на Македонија, Македонскиот народ, дел од Албанскиот народ, дел од Турскиот народ и дел од Влашкиот народ.

После новите уцени повеќе од јасни се намерите на Албанците. Со тоа всушност се удираат темелите за конфедерација, што на Албанците од Македонија со уставот би им се овозможило да се припојат со Албанија.

Од јануари оваа година, Косово и Албанија ги избришаа границите, немале потреба велат, тие биле еден народ, дали и Македонските Албанци се близу до таквиот проект? И кој ги подржува, која е цената што тие мора да ја платата? Каде е логиката, да се бориш за влез во Европската Унија а да освојуваш територии како утре да  биде војна? 

За потсетување, демографската карта на Македонија нагло се промени во  1999 година со „вдомувањето на 150 000 Косовари во Македонија„. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести