На пет момчиња од околината на Подујево, кои извикувале „УЧК, УЧК“ на плажа во Улцињ, им е изречена забрана за влез во Црна Гора.

Објавил: Весна Петровска | 3 септември, 2019 0:13

Албанци на плажа викале „УЧК, УЧК“, веднаш биле протерани од државата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Црна Гора забрани влез за петтмина Албанци, како наведуваат тамошните медиуми забраната ја добиле поради наруѓување на јавниот ред и мир.

На пет момчиња од околината на Подујево, кои извикувале „УЧК, УЧК“ на плажа во Улцињ, им е изречена забрана за влез во Црна Гора.

Како што пренесува подгоричкиот портал Вијести, им била изречена забрана за влез во Црна Гора во следните шест месеци и веднаш биле протерани од земјата.

Тие претходно на суд биле казнети со по 300 евра бидејќи во средата вечерта на плажа во Улцињ го нарушувале јавниот ред и мир, наведувајќи дека биле под дејство на алкохол.

Црногорскиот портал Мондо јави дека околу стотина момчиња поделени во две групи извикувале во средата на Малата плажа во Улцињ „УЧК, УЧК“ и дека пееле албански националистички песни, а и палеле навивачки факели додека дел од минувачите ги поздравувале со сирени од автомобилите.

Црногорската полиција привела неколку момчиња во станица, а сите биле од Подујево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.