Александар ќе го помине Католички Божиќ заедно со неговата мајка Северина, додека пак православните празници ќе ги помне со својот татко Милан Поповиќ.

Објавил: admin@magazin | 30 ноември, 2019 13:57

Александар се врати во прегратките на мајката: ПОПОВИЌ денеска и го предаде синот на СЕВЕРИНА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Милан Поповиќ (54) денеска 30 ноември и го предаде синот на Северина Којиќ (47,) почитувајќи ја привремената одлука на судот, по која мајката има право со детето да помине одредено време, пишува 24.hr.

Конкретно се работи за секој втор викенд, од сабота наутро до недела навечер, а во текот на неделата детето ќе може да го гледа два пати по пет часа.

Инаку, Александар ќе го помине Католички Божиќ заедно со неговата мајка Северина, додека пак православните празници ќе ги помне со својот татко Милан Поповиќ.

Фановите на познатата хрватска пејачка се кренаа на нозе откако пред два дена судот во Загреб донесе одлука да и биде одземен синот.

Јавноста спрема масовни протести во врска одлуката и бараат детето да биде земено од Милан Поповиќ. Прашање на време е кога ќе се одржат протестите, но Јелена во телефонски разговор за Слободна Далмација не сакаше да коментира но преку иницијативата спаси ме издаде соопштение за јавност. 

Фановите и даваат поддршка на Северина, а и многу колеги се огласија по одлуката кои јавно ја поддржаа Северина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.