Претходно, лидерот на Беса Билал Касами, кој во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Тетово ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ изјави дека очекува поддршка од гласачите на СДСМ.

Објавил: Перо Милчин | 21 октомври, 2021 6:08

Алијанса за албанците: Заинтересирани за падот на корумпираната и криминална ДУИ

Фото/Текст извор: ©магазин

Огранокот на Алијансата за Албанците во Тетово, информира дека се уште не зазела став за директна поддршка на едниот или другиот кандидат за градоначалник во вториот круг од локалните избори во градот.

За ова ќе одлучуваат централните тела на партијата по консултации со сите страни. Истовремено, ја известуваме јавноста дека Алијансата за Албанците е заинтересирана за падот на корумпираната и криминална ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Теарце и Боговиње, но ДУИ конечно паѓа кога ќе падне Владата. Во согласност со ова ќе биде и нашето однесување во вториот круг – велат од Алијанса за Албанците.

Претходно, лидерот на Беса Билал Касами, кој во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Тетово ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ изјави дека очекува поддршка од гласачите на СДСМ.

Без разлика што за многу постапки на функционери на ДУИ не сме задоволни, имаме стабилна коалиција на централно ниво, бидејќи задоволни сме од генералната ориентација во владата за продолжување на европскиот процес, рече лидерот на Биљал Касами, кој во вториот круг на локалните избори ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ за градоначалник на Тетово.

– Во изборната битка очекувам фер игра од коалициските партнери. Локални избори се за понуда на кадри и програма за локални теми. Но, да бидам искрен, очекувам гласачите на СДСМ да ме поддржат мене, зашто имаме предизборна коалиција и тие гласачи веќе гласаа за мене како носител на пратеничка листа на ланските избори – рече Касами на Телма.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.