-Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори.

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 ноември, 2021 7:39

Алијанса за Албанците: Не може да има слободни избори со ДУИ на власт

Фото/Текст извор: ©магазин

Не може да има слободни избори со ДУИ на власт, велат од опозициската Алијанса за Албанците по барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за брзи предвремени парламентарни избори.

-Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори.

Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат, велат од Алијанса за Албанците.

Алијанса е прво за формирање на ново парламентарно мнозинство, а доколку не успее тоа да има избори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.