Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира

Објавил: admin@magazin | 24 април, 2019 9:59

Алијанса за Албанци: Сулејман Реџепи не заслужува понатаму да биде Поглавар на ИВЗ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Алијансата за Албанците изразува загриженост во врска со последните случувања во Исламската верска заедница.

Алијансата за Албанците инсистира случајот да се разјасни и јавноста правилно да се информира. Ве потсетуваме дека Исламската верска заедница е институција која му припаѓа на народот и не е алатка на партиите за политички цели.

,,ИВЗ е институција со огромна духовна вредност за илјадници муслимански верници и како таква треба да биде автономна. За жал, политиката продолжува става раце врз оваа институција и да има влијание врз заедницата.

Поглаварот на ИВЗ со своја уста потврди дека подолго време бил инструментализиран од политиката и како таков не заслужува да ја врши и понатаму неговата должност.

Од друга страна, судската одлука помеѓу двата изборни циклуса отвора сомнежи дека целта повторно е инструментализација на оваа институција за политички цели.

Силно се надеваме дека оваа институција ќе собере сили да ги направи неопходните промени, без да стане инструмент на мрачна стратегија на која било политичка партија која се обидува да го командува и Бога“-реагира денеска Алијанса за Албанците по бурните случувања во ИВЗ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика