Таа тврди дека одговорноста за позицијата на наставниците е на ДУИ како политичка партија која раководи со Министерството за образование од 2002 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 август, 2019 13:29

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: “Го поддржуваме штрајкот на просветните работници”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Алијансата на Албанците го поддржува најавениот штрајк на просветните работници и бара одговорност за состојбите во образованието од Демократската унија за интеграција (ДУИ), информира денеска на прес-конференција пратеничката од оваа партија Арта Точи.

Арта Точи рече дека наставниците имаат најниски плати во регионот. Само за пример Албанија со 477 евра за наставник и Косово со 459 евра и Македонија останува со просечна плата од 365 за наставник.

– Знаеме каква е позицијата на наставниците секоја училишна година со нови штрајкови – единствениот механизам со кој наставниците можат да се служат, истакна Точи.

Таа тврди дека одговорноста за позицијата на наставниците е на ДУИ како политичка партија која раководи со Министерството за образование од 2002 година.

– Од таа година единствените измени се направени во именувањата на министрите но нема измени во позицијата на наставниците во земјата. Наставниците имаат најниски плати во регионот. Само за пример Албанија со 477 евра за наставник и Косово со 459 евра и Македонија останува со просечна плата од 365 за наставник. Му сугерираме на министерот наместо покачување на платите од 1.000 денари за наставник да ги хармонизира платите со земјите од регионот, рече Точи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести