Алијансата исто како и Османи преку пет столба, му одговори зошто ја отфрла понудената платформа за преговори

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 16:56

Алијанса на Албанците до ДУИ: Не ги лажете Албанците, исполнете го ветувањето за премиер Албанец!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, денеска се огласи по предлогот на ДУИ.Имено на изјавата на Османи дека имаат 5 главни столба за преговори со албанските партии, Села рече дека го отфрла предлогот за „албанската платформа“.

Алијансата исто како и Османи преку пет столба, му одговори зошто ја отфрла понудената платформа за преговори:

1. ДУИ продолжува да биде најразединувачкиот политички субјект до денес. Експонентите на ДУИ, нашите 12 пратеници од Коалиција меѓу Алијансата и Алтернатива, ги претставуваат како 8 + 4.

2. Не се фаќај за рака со Лубе Бошковски за да добиеш глас повеќе и да се повикуваш на легитимноста на Албанците.

3. Не кради гласови и не ја купувај слободната волја на Албанците, за утре да се повикуваш на некредибилен легитимитет.

4. Не ги лажи Албанците, со столбови и со билети, туку исполни го вашето единствено ветување, ветувањето за премиер Албанец, за кое баравте гласови од Албанците.

5. За петтиот столб ја прашуваме ДУИ: Каде бевте вие кога беа направени уставните измени?

„На Албанците не им требаат вашите столбови, чувајте ги за себе, како и вашите ветувања до граѓаните што ги напуштате веднаш штом ќе завршат изборите – вели Флакрон Беџети“, портпарол на Алијансата за Албанците.

-Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика, рече вчера Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести