Иако овде е доста направено, ќе продолжам општината да ја правам поубаво место за живеење на сите граѓани“!

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 декември, 2020 21:55

Алија Јахоски: Ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатот за градоначалник на општина Пласница од ДУИ, Алија Јахоски, прогласи победа и порача дека ќе биде градоначалник на сите граѓани!

„Гласот му го дадоа на вистинскиот човек. Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначалник, ќе продолжам да ги реализирам започнатите проекти за овие 10 месеци.

Им благодарам на сите што гласаа, но и на тие што не гласаа, јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница.

Иако овде е доста направено, ќе продолжам општината да ја правам поубаво место за живеење на сите граѓани“!

Тој му е брат на претходниот градоначалник на оваа општина, Исмаил Јахоски кој беше избран за пратеник во Собранието.

Сашко Николов е новиот градоначалник. Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце, порача премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откако социјалдемократите прогласија победа на предвремените избори во Штип.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.