Нејаснотии за крвавата свадба во Тетовско

Објавил: Узунов Бобан | 5 септември, 2019 8:32

Али Ахмети во одбрана на пратеникот Џеват Адеми, таткото на повреденото момче тврди дека Адеми пукал ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

,,Случајот со пукањето каде се сомничи пратеникот Џеват Адеми повеќе е проблематизиран во медиумите од потребното. Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, па затоа треба да се почека органите на редот да го кажат својот збор“.

Ова е коментарот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети , за ранувањето на две лица на свадба, меѓу кои и синот на пратеникот Адеми.

Од друга страна пак, родителот на повредениот Јусуф Билали, го посочи токму Адеми деке е тој што пукал на свадбата и ги ранил и неговиот и својот син.

„Има правосудни органи, има органи на редот и тие треба да ја кажат вистината за тоа како се случил настанот. Никој не сака ниту да го убие момчето, ниту да го убие пријателот и барем Џеват Адеми не е тој што го сторил делото, но, ова е прашањеза кое треба да кажат правосудните органи. Џеват во овој случај повеќе е жртва на озборувања“, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Според него, медиумите драматизираат.

Но, пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, прашува:

,, Кој ли ја зборува вистината, Али Ахмети или Јусуф Билали очевидец и сведок на настанот (чиј син беше ранет)? “-прашува Зекири.

На 29 август на свадба во Мала Речица, синот на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми, беше ранет од огнено оружје . На истата свадба е рането уште едно лице и двајцата се пренесени во болница.

Веднаш по инцидентот,,,Лајм“ објави дека Адеми несакајќи го ранил својот син, пукајќи на свадба со пиштол.

Но, подоцна семејството на пратеникот демантираше дека нивниот син настрадал од куршум испукан од Адеми.

Тие тврдат дека тој настрадал од заталкан куршум.

-Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба, велат од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.

Синот на Џевад Адеми имаше тешка повреда опасна по живот.

Сега е во стабилна и добра здравствена сосотојба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести