Поранешниот командант на ОНА и лидер на ДУИ Али Ахмети на својот Фејсбук профил честиташе на Косово, по повод формирањето на воените сили.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2018 9:42

Али Ахмети облечен во војничка униформа на фејсбук го поздрави формирањето на косовската војска

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на Фејсбук, облечен во војничка униформа на УЧК го честиташе формирањето на косовската војска.

Во својот статус тој пишува дека војската на Косово е како темел на мир и стабилност во нашиот регион.

„Многу жртвувања, многу соништа, многу напори, многу мачеништво низ вековите за да дојдеме до овој ден на слободата, независноста, војската, еднаквоста и перспективите“, напиша Ахмети на својот Фејсбук профил.

Али Ахмети  е лидер на Демократската унија за интеграција. Има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи се смета за закана по општата безбедност.Ахмети завршил литература во Тирана. Во 1980 станал член на илегалната организација „Марксисти-ленинисти на Косово“. На 5 мај 2002 во Домот на културата во Тетово, ја промовирал политичката партија ДУИ, составена главно од поранешни команданти на ОНА, на чија како единствен кандидат е избран за претседател.На Ахмети му била дијагностицирана шизофренија од страна на психијатри во Швајцарија, поради што и беше прогласен за неспособен за труд.Одлежал две години затвор за „противуставна дејност“ во Македонија. Голем дел од етнички македонските граѓани на Македонија го сметаат за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во Тетовско.

Одбележувањето на границата меѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и на Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на Договорот од Преспа, заедно со владеењето на правото во нашите земји, се предизвици кои ни престојат. Сите од нас кои имаат исти вредности и цел за еднаквост, правда и евро-атланска интеграција на нашите земји, треба да си помагаат едни на други“, пишува тој.

Вчера на прославата учествуваа највисоките државни претставници на Косово – претседателот на Републиката Хашим Тачи, претседателот на Собранието Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.Тие им го честитаа формирањето на косовска војска на припадниците на ФСК и на граѓаните на Косово и порачаа дека ова е еден од најзначајните и најдобрите датуми во историјата на косовската држава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.