„Во првиот округ ДУИ освои три општини, Липково, Сарај и Пласница. Во вториот круг ДУИ победи во општина Струга, победи на изборите во општина Кичево, во општина Долнени, победи на изборите во општините Чаир, Боговиње, Теарце и во општина Арачиново“, рече Али Ахмети.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 ноември, 2021 6:10

Али Ахмети призна: Ги загубивме Тетово и Гостивар

Фото/Текст извор: ©магазин
„Во првиот округ ДУИ освои три општини, Липково, Сарај и Пласница. Во вториот круг ДУИ победи во општина Струга, победи на изборите во општина Кичево, во општина Долнени, победи на изборите во општините Чаир, Боговиње, Теарце и во општина Арачиново“, рече Али Ахмети.

Османи исто така оцени дека изборите беа исклучително фер, слободни и компетитивни.

Секој кандидат имаше еднаква можност да ги претстави своите амбиции и својата програма и граѓаните добија сеопфатна слика за понудите, и со тоа, нивната одлука на избориве ја сметам за информирана, автентична и политички целосно легитимна. Избраните советници и градоначалници во првиот круг заедно со овие денес, кои добија мандат од граѓаните, од денес имаат суштинска политички легитимитет со полн авторитет, да ги преземат функциите и да ги спроведат политичките ветувања пред граѓаните, истакна Османи.

Освен на неговата партија, тој им ги честиташе успешните избори и на политичките конкуренти.

Фактот што имавме успешни избори претствува севкупен политички успех преку кој Северна Македонија потврди дека е зрела демократија, земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ. На овие избори зелената агенда претставува најкреативна и најуспешна понуда кој масовно беше прифатена. Таква тенденција имаме и во вториот круг. Локална власт е избрана и од утре ќе треба да е справува со локални предизвици, како и централната власт со своите предизвици, посочи тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.