Амди Бајрам во Новата година посака успех и ги повика политичарите да гласаат за уставните измени и заедно да влеземе во НАТО и ЕУ.

Објавил: admin@magazin | 2 јануари, 2019 15:28

АМДИ БАЈРАМ : “Кое на власт јас сум со него”

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

По промената на власта, пратеникот Амди Бајрам влезе во коалиција со сегашната гарнитура на СДСМ.

 Амди Бајрам беше во владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ја напушти откако се смени власта, за Пресинг ТВ во Новата година посака успех и ги повика политичарите да гласаат за уставните измени и заедно да влеземе во НАТО и ЕУ.
– Јас сум кај што сум. Јас кога го давам зборот, останувам таму. Значи кој е власт, увек сум со вас – рече Амди Бајрам одговарајќи на прашањето дали може да се очекува нова промена на дресот.

По промената на власта, пратеникот Амди Бајрам влезе во коалиција со сегашната  гарнитура на СДСМ.  Амди Бајрам за време на протестите пред Државната изборна комисија во 2016 година пред демонстрантите порача дека погребот на сегашниот премиер Зоран Заев ќе биде многу бргу. Тој демантира дека го кажал тоа. Тоа време Амди Бајрам беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.