На презентацијата тој не даде никакви детали за тоа како таа реформа ќе може да се имплементира.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 септември, 2020 14:52

Американскиот претседател го презентираше планот за здравствена реформа

Фото/Текст извор: ©МИА.мк

Вчера претседателот на Америка, Доналд Трамп, ги презентираше првите скици на неговот план за здравствена реформа, за кој зборува со месеци, пренесе ДПА.

На презентацијата тој не даде никакви детали за тоа како таа реформа ќе може да се имплементира.

Централното прашање во американските здравствени дебати е дали би било можно да се добие здравствено осигурување дури и со веќе постоечките услови.

Ова прашање беше вметнато во законот за реформа во здравствената заштита на претходникот на Трамп, Барак Обама. Владата на Трамп, меѓутоа, се обидува да го поништи целиот пакет реформи „Обамакер“ и доколку успее, ќе биде засегната заштитата на луѓето со веќе утврдени болести.

По смртта на судијката во Врховниот суд Рут Бадер Гинзбург, ваквиот исход стана многу поверојатен, пренесе ДПА.

Трамп сега потпиша извршна наредба со која се даваат гаранции за луѓето кои веќе ги користат постоечките услови од владината политика. Меѓутоа остана нејасно како точно тоа ќе влијае врз нивниот секојдневен живот по потенцијалниот крај на „Обамакер“, наведува германската агенција.

Трамп изјави дека нема да потпише никакви закони што не содржат гаранции за лицата со претходно утврдени услови на здравствена заштита.

Американскиот претседател како недоволна ја опиша заштитата што пациентите досега ја добиваа со здравствената реформа на Обама.

Трамп најави и дека во наредните недели 33 милиони осигурени лица во рамките на државната програма Медикер ќе добијат картички по пошта со по 200 долари, за да плаќаат за лекови на рецепт. Медикер ја користат првенствено постари лица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.