Тимот беше предводен од д-р Ричард Племпер, исто така откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 декември, 2020 21:21

АМЕРИКАНСКИТЕ НАУЧНИЦИ ТВРДАТ ДЕКА ИМААТ РЕШЕНИЕ ДА ЈА СТОПИРААТ ПАНДЕМИЈАТА: Овој лек спречува ширење на короната за 24 часа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк магазин.мк

Истражувачи од Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек што се зема орално и спречува заразените лица да го шират коронавирусот на здрави луѓе во рок од 24 часа.

Лекот за кој станува збор е МК-4482 / ЕИДД-2801, попознат како Молнупиравир, кој целосно го запира можното пренесување на Ковид-19 на други луѓе за еден ден.

Тимот беше предводен од д-р Ричард Племпер, исто така откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.

“Ова е прва демонстрација на лек кој исклучително брзо го блокира пренесувањето на САРС-ЦОВ-2. Ова може да биде пресвртна точка”, рече Племпер.

„Забележавме дека лекот МК-4482 / ЕИДД-2801 донесе цела низа активности против респираторни РНК вируси и дека лекувањето на заразени животни давајќи им го лекот орално и драматично го намалува пренесувањето“, рече Племпер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.