Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!

Објавил: Перо Милчин | 23 мај, 2021 9:21

АМЕРИКАНСКИ ИНСТИТУТ СЕ СОМНЕВА ВО ФИЛИПЧЕ – ГИ ЛАЖИРА БРОЈКИТЕ НА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот.

И не само тоа,  американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата.

Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!

Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат.

И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.

Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт.

Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати“ се вели во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.