Тој наведува дека во моментот на бомбардирањето на СРЈ, тој имал задача, наречена „јавна дипломатија“, да им обезбеди на медиумите некои факти за војната.

Објавил: Перо Милчин | 1 март, 2020 10:37

Американски историчар призна што правел 1999: Измислував работи за НАТО да ја бомбардира Србија

Фото/Текст извор: ©Foto: Profimedia, Youtube Printscreen магазин.мк

Еден од влијателните современи историчари и професор на универзитетот Јејл, Самуел Моин, вели дека за време на бомбардирањето на Југославија, работел во Белата куќа како практикант и дека „сеел“ приказни објавени во „Вашингтон пост“.

„Мојот момент на вистината дојде малку подоцна“, вели Моин.

Тој рече дека сака интернационализмот да се совпадне со будењето на прогресивни политики, но дека само по војната во Ирак сфати дека е ангажиран во нешто во дваесеттите години, што имаше сериозни последици.

„Моето пишување за човековите права е исто така начин на само-рефлексија на сите овие настани“, наведува Моин, кој има напишано четири книги за човекови права.

Тој наведува дека во моментот на бомбардирањето на СРЈ, тој имал задача, наречена „јавна дипломатија“, да им обезбеди на медиумите некои факти за војната.

“Секако, не ги објавив сите факти, но само оние што ја фаворизираа нашата презентација на војната. Проблемот е што имаше малку независно новинарско пребарување на фактите. Во Виетнам, новинарите бараа повеќе од сопствената вистина, што не е случај со американските војни сега.” оценува професорот.

Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.

НАТО-во бомбардирање на Сојузна Република Југославија е воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна.

Тоа е втора поголема борбена операција во историјата на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.
При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти. Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири. Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати.

Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

НАТО бомбардирањето врз СРЈ беше некако брането како легитимно,со добро посакувана хуманитарна причина. Бомбардирањето беше без согласност од Обединетите Нации,каде Генералниот Секретаријат забранил воени акции, истотака ова бомбардирање немаше согласност и од американскиот Конгрес којшто ги отфрлил идеите од тогашниот американски претседател Бил Клинтон, да се предложи да се нападне СРЈ,иако Американскиот претседател реагирал неуставно според американските закони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...