Германија се жали, „пријателксите“ земји бараат огромни цени за гасот

Објавил: Македонка Димкин | 5 октомври, 2022 14:31

Американците ги уценуваат германците

Фото/Текст извор: ©магазин

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек се пожали на „астрономските“ цени што ги бараат „пријателските“ земји на Германија, пред се САД, за испорака на гас, во време кога тие сакаат да ги заменат испораки од Русија.

„Некои земји, дури и пријателски, бараат астрономски цени“, рече Роберт Хабек во интервју за весникпт „Ноје оснабрикер цајтунг“.

„Тоа е проблем“, рече министерот и ја повика Европската комисија да „разговара“ со овие земји.

По инвазијата на Украина, Русија прво значително го намали снабдувањето со гас за Германија, а на почетокот на септември и целосно го прекина. Пред конфликтот, Германија увезуваше 55 отсто од гасот од Русија.

За да ја гарантира својата енергетска сигурност и да ја спаси индустријата, која е голем потрошувач на гас, Берлин мораше да ги диверзифицира своите извори на снабдување и значително да го зголеми купувањето на течен природен гас, кој е многу поевтин за увоз.

Земјата – како и целиот континент – се сврте кон САД, а европскиот увоз на ЛНГ скокна од 28 на 45 проценти помеѓу 2021 и 2022 година.

Хабек конкретно ги таргетираше американските добавувачи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.