Турскиот претседател Ердоган одби да се сретне со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 јануари, 2019 10:43

АМЕРИКА доби “клоца” од Ердоган

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска одби да се сретне со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, поради „ставовите на САД кон турската офанзива против терористите во Сирија“, објави електронското издание на весникот „Дејли Сабах“.

На прашањето од новинарите зошто не се сретнал со Болтон, Ердоган изјави дека американскиот дипломат имал „средба со својот колега“ во Анкара, а тој би можел телефонски да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.
 Џон Болтон во Анкара имаше средба со советникот на Ердоган, Ибрахим Калин, посветена на најавената турска офанзива против Силите за заштита на народот на сириските Курди.
По нивните разговори, Болтон изјави дека побарал гаранции од Турција дека нема да ги нападне Силите за заштита на народот, наведувајќи дека тоа е „услов“ што го поставл Трамп за повлекување на силите на САД од североисточниот дел на Сирија.

Во пресрет на посетата Болтон нагласи дека САД пред да ја повлечат својата ојска сакаат од Турција да добијат гаранции за Курдите кои војуваат во Сирија. „Сметаме дека Турците не треба да преземаат воени дејствија кои не се во договор со САД и со кои САД не се целосно согласни.” Болтон рече дека друг услов е „ИД да биде поразена без можност да се реорганизира и повторно да претставува опасност”.

На оваа изјава на Болтон реагираше Ердоган, кој изјави дека Турција не може да ги прифати неговите коментари дека Анкара мора да се согласи да ги заштити курдски сојузници на Вашингтон во Сирија.
Во говорот кој го одржа пред членовите на неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во турскиот Парламент, Ердоган рече дека Болтон направил „сериозна грешка”, повикувајќи на нови услови за повлекување на американските сили од Сирија и оти Турција не може да прифати компромис по прашањето на Силите за заштита на народот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.