Синоќа на средба помеѓу Касами од БЕСА и Тачи од ДПА, постигнат е договор за негативно гласање за уставните измени и почнати се преговори за изборно коалиционирање

Објавил: Мартин Попоски | 16 октомври, 2018 6:36

Амнестијата на Заев, ги обедени Касами и Тачи да не ги гласаат уставните измени

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јавно понудената амнестија за 27 април, од стана на премиерот Заев од собраниската говорница ги обедени Билал Касами и Мендух Тачи.

Имено по Собраниската седница за уставни измени, претседателите на тетовското крило на БЕСА, Касами, кој по распадот во партијата ја доживеал истата судбина како и со отцепувањет на Села од ДПА на Мендух Тачи, почнале преговори.

Мендух Тачи неофицијално иницирал средба и за претстојните предвремени парламентарни избори, со што БЕСА на Касами би коалицирала или би дала поддршка на ДПА и обратно. 

Основна цел била да се преземе приматот на ДУИ како неприкосновена политичка партија на албанскиот ентикум во Македонија.

Тачи иако коалиционен партнер на Заев, се согласил дека премиерот Заев ги пречекорил овластувањата со понудената амнестија и посочил дека изведно е дека и неговите пратеници нема да ги гласаат уставните измени.

Билал Касами, претходно испрати соопштение до јавноста дека БЕСА нема да го поддржи предлогот за промена на Уставот со цел промена на името поради принципиелни разлики, односно, поради неговата непристојна понуда за амнестирање на обвинетите од 27.април.

Предлогот за амнестирање на учесниците во насилството во Собранието на 27 април ги девалвира вредностите што ги целиме со интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ. – изјави портпарол на партијата, Елмедин Мемиши.

Запрашан дали пратениците од Движењето БЕСА би гласале за некаков закон за амнестирање на насилниците, Мемиши категорично одговорил “Не”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.