Кога веќе барате политичар кој бара амнестија, треба да знаете кој и смее да ја реализира, а тоа го знае единствениот амнестиран политичар за криминал во Македонија, Зоран Заев

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 14:45

Амнестија не дава Владата, a најмалку амнестиран за криминал премиер

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Партискиот штитеник на Зоран Заев, пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов не прекинува со прес конференции на кои пред провладините медиуми шири лаги и невистини, злоупотребувајќи ја функцијата пратеник.

Имено Костадинов е познат и како десната рака на Заев во неговиот четврт градоначалнички мандат на Општина Струмица, кога стана Мандатар па Премиер на Македонија.

Во екот на преговорите и разговорите со ДУИ при што според зборовите на националниот координатор на НАТО, Стево Пендаровски, а прифатил Тиранската платформа само за да има парламентарно мнозинство, Заев за заменик градоначалник го именуваше 27 годишниот Костадинов, човек од доверба.

По фалш гаранцијата доставена до претседателот на Македонија дека СДСМ нема да формира Влада која би реализирала уставни измени и имплементирање на сегменти од непостоечката за Заев Тиранска платформа, Костадинов беше награден и со пратеничко место во Собранието на Македонија.

Партиски и политичко коректно. Она што е лицемерно во изјавите на Костадинов кој како и својот колега Мухамед Зеќири ги даваат денови наназад пред партиското седиште на ВМРО – ДПМНЕ е постојано повторената изјава дека ВМРО – ДПМНЕ не поддржува уставни измени и не го поддржува Преспанскиот договор затоа што бараат амнестија за поранешниот премиер и поренешниот претседател на партијата, Никола Груевски.

Каде е баукот.

Костадинов иако е економист, треба да знае дека амнестија не е одлука која се носи политички а најмалку ја носи претседател на политичка партија или премиер на Македонија.

Согласно Уставот единствено лице кое има право да амнестира од кривична одговорност во Македонија е носителот на нејзиниот суверенитет и интегрирет, Претседателот Ѓорге Иванов.

Одтука лажните вести кои стигаат до јавноста се разобличени со три факти.

Никола Груевски може да добие амнестија само од Претседателот Иванов, но ни Иванов ни Греувски не бараат амнестија туку правичен а не политички процес на судење.

Никола Груевски а ни ВМРО – ДПМНЕ нема што да преговараат за амнестија која би се постигнала со именување на Јавен обвинител од редовите на опозицијата, затоа што амнестија не е судска одлука и ниту една институција на третата власт во Македонија, судската нема ингеренции да амнестира некого од кривична одговорност.

Третиот факт е можеби најбитниот.

Во 27 годишното постоење на независна, самостојна и суверена Република Македонија, само еден политичар бил подлежен на амнестија за кривично дело, а тоа е актуелниот премиер, идол на Костадинов, Зоран Заев, во 2008 година од страна на претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски а во процесот наречен “Глобал” каде со злоупотреба на службената должност и овластувања нелегално проневерил 8 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.