Владата го дополни Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Македонија, и од денес протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Македонија.

Објавил: Владо Марин | 24 јуни, 2020 7:10

АМСМ: Изменет режим на сообраќај во некои делови од градовите во Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – с.Извор, на делот крак – с.Лазарополе, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), од 24.06.2020 (среда), сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11:00 до 13:00 часот. Овој изменет режим ќе трае се до завршување на градежните работи.

Владата на Република Македонија на 69-та седница донесе одлука од денес, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.

Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Владата го дополни Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Македонија, и од денес протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Македонија. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...