Претседателски избори со тектонски промени но со една порака

Објавил: Узунов Бобан | 22 април, 2019 11:37

АНАЛИЗА: За 18 месеци СДСМ и ДУИ изгубија 180.000 гласови

Фото/Текст извор: ©магазин

Првиот круг на претседателските избори го обележа ниската излезност скоро низ цела Македонија. Граѓаните со ова испратија порака до власта и опозицијата, дека сите политички партии без разлика на идеолошката и етничката определеност се без идејни и немаат политичка понуда која ќе го мотивира македонскиот гласач да излезе на избори. 

Консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ  Стево Пендаровски успеа да освои 323.000 гласови што е во рамките на партиската база на СДСМ, а рамката на партиските гласови не успеа да ја пробие и непартискиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова со освоени 319.000 гласови. Блерим Река како кандидат на БЕСА и Алијанса за Албанците е најголемо изненадување и покрај ниската излезност кај албанскиот електрат освои 74.000 гласови со што го загрози приматот на ДУИ кај Албанците.


 На теренот на овие избори има губитник, тоа дефинитивно е двоецот Заев и Ахмети, но со сигурност Христијан Мицковски не е победник. Бројките тоа го потврдуваат.


На локалните избори 2017 година, СДСМ и ДУИ исто такапредизборно заеднички настапија и освоија 505.000 гласови низ цела Македонија, за само 18 месеци оттогаш плус поддржани од скоро сите партии на помалите етнички заедници кои порано беа во таборот на ВМРО (сите ромски и турски партии), за претседателските избори успеаја да загубат 180.000 гласови и да се симнат на бројката од 323.000.

Така на локалните избори во Битола, СДСМ освоила 31.000  гласови за на претседателските избори да падне на 17.000, Ѓорче Петров од освоени 13.300 гласови поддршка изгубиле за цели 6000 гласови, во Гази Баба е драстичен падот и од 17.000 гласови на локалните избори за претседателски избори се симнале на 9000. Овие избори СДСМ ги загуби и во Аеродром, а значитечлно ја намали и поддршката во Карпош и Центар, а ги загубија и Штип и Велес со преку 2000 разлика. 

Насилната промена на името, непотизмот, корупциските скандали и слабиот учинок на градоначалниците го наплатија политичкиот данок. 

Успех за ВМРО-ДПМНЕ е што ја врати предноста во главниот град и повторно ги освои т.н бастиони во Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и други општини во внатрешноста. 

Но остриот пад на поддршката за власта за посериозен пресврт не успеа да ја искористи ниту ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицковски. Од локалните избори досега ВМРО-ДПМНЕ изгубило 16.000 гласови и тоа се гласовите од партиите на помалите етнички заедници кои преминаа во таборот на власта. Гревот” на ВМРО-ДПМНЕ е што не успеа во овој период да промовира политичка понуда за да ги привлече неопределените гласачи  кои СДСМ за многу краток период ги загуби.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поентираше на овие избори доколку изградеше автентична програма која ќе понудеше алтернатива на владеењето на СДСМ надоградена со силни кадровски решенија околу себе. Мицковски во наредниов период ќе има тешка задача да ја убеди неопределената јавност дека тој е алтернативата на веќе делегитимираната власт. Во спротивно, ќе остави простор Заев да се консолидира до следните парламентарни избори. 

Заклучокот за претседателските избори е дека ова е почетокот на крајот на владењето на  СДСМ и ДУИ, а ДУИ тешко дека ќе го преживее статусот на најголема албанска партија на следните парламентарни избори.  Зоран Заев најверојатно ќе има понуда за тежок избор, ќе мора да избере кој ќе му биде главен албански партнер за вториот круг, Што и да одлучи, веројатно е дека ќе ја разниша владината коалиција и ќе го отвори патот за распишување на предвремени парламентарни избори. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...