Министерството за одбрана не претрпе значајни кратења. Намалување има кај парите за модернизација на МО, но зголемување има кај ставката Интеграција во НАТО.

Објавил: Владо Марин | 13 октомври, 2020 6:18

АНАЛИЗА: Кои проекти одат под „нож“ со ребаланс на Буџетот?

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Преполовени средства за изградба на владини објекти, спортски сали и училишта, намалени пари за гасификација и за локални патишта, повеќе за рурален развој и за НАТО. „Порталб.мк“ објавува детали од Развојниот дел на ребаланс на буџетот – кај кои министерства и агенции колку се крати, а кои ќе добијат повеќе со ребалансираната каса.

Кое министерство колку добива или губи!

Преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, парите за изградба и реконструкција на објекти на Владата се речиси преполовени, сведени на ниво од само 70.000 евра, а за изградба и реконструкција на административни згради на државни органи средствата се намалени на 2,8 милиони евра.

Министерството за одбрана не претрпе значајни кратења. Намалување има кај парите за модернизација на МО, но зголемување има кај ставката Интеграција во НАТО.

Значајно намалување на средствата за реформи во полицијата има во рамките на Министерството за внатрешни работи – на ниво од скоро 5,3 милиони евра, за реконструкција и опремување на згради се планирани 780.500 евра, а преполовени се и средствата за изградба, реконструкција и опремување на казнено-поправните установи и за реформи на казнено-поправните установи во рамките на Управата за извршување санкции.

Кај Министерството за економија позначајно намалување има на средствата за гасификација, предвидени на ниво од само 163.000 евра. Намалени се и средствата за поддршка на развојот на мали и средни претпријатија на 334.000 евра. Со ист буџет како сегашниот ќе располага Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – 6,4 милиони евра.

Министерството за животна средина и просторно планирање добива повеќе пари со ребаланс на буџетот – парите за Дојранско езеро се зголемуваат на 1.000.000 евра, повеќе средства ќе има и за колекторски систем Охрид и Струга – 5,6 милиони евра додека за уредување на Порој на речно корито на река Пена – Шипковица не се предвидени средства со ребаланс на Буџетот.

Преку Министерството за транспорт и врски, финансиите за надградба и реконструкција на управна зграда и за изградба на социјални станови остануваат непроменети во однос на сегашниот буџет, зголемување има кај парите за изградба на водовод и канализација во општините, додека намалување има кај Проектот за олеснување на трговијата и транспортот, а финанасиите за локални патишта се намалуваат на само 870.000 евра. За мега – проектот гасификација, средствата се намалени на ниво од 9,5 милиони евра. Значајно се намалени и парите за инвестиции во железничката инфраструктура на 15,7 милиони евра.

Од позначајните капитални проекти, под “нож“ кај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одат хидросистемот Злетовица со намалени средства на 2,9 милиони евра, додека благо зголемување има кај финансиите за хидросистемот Лисиче.

Преку Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој значајно се зголемуваат парите за финансиска поддршка на рурален развој на 28,1 милион евра.

Кај Министерството за труд и социјална политика, кое располага со еден од најголемите буџети, повеќе пари ќе има за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита – 1,3 милиони евра, додека за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица средствата се намалуваат на 111.000 евра. Финансиите за поттикнување на вработувањето остануваат на исто ниво како и сега.

Со ребаланс на буџетот, помалку пари преку Министерството за образование и наука ќе има за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, па така за изградба и реконструкација на основни училишта парите се намалени на 1,5 милиони евра, а за изградба на училишни спортски сали во основни училишта на 5,8 милиони евра. За изградба и реконструкација на средни училишта средствата се намалени на 102.000 евра, а за изградба на училишни спортски сали во средните училишта на 1,4 милиони евра. Значајно се намалуваат средствата за изградба на ученички домови и за реконструкција и изградба на студентски домови – на 447.000 евра.

Кај развојната компонента на Буџетот, преку Министерството за здравство кое е стратешко во сегашната ковид-19 криза, средствата за реконструкција и доградба на објектите на јавните здравствени установи остануваат на исто ниво од 3,1 милион евра, за изградба на амбуланти во рурални места не се планирани воопшто, додека намалување на 3,9 милиони евра има кај парите за медицинска опрема за потребите на ЈЗУ. Во ребаланс на буџетот се укинуваат парите за Општа болница Кичево а големо намалување има и кај средствата за изградба на нов клинички центар во Скопје и Штип – сведени на само 2,8 милиони евра.

Со Ребаланс на Буџетот се предвидува досега најголемиот буџетски дефици од 921.000.000 евра. Годинава според владината проекција БПД-то ќе биде во минус со 4,4 отсто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...