Српскиот претседател, согласно уставот и законите, ја предложи досегашната премиерка Ана Брнабиќ за мандатар на новата српска влада!
Актуелната српска премиерка Ана Брнабиќ во понеделникот вечерта доби од претседателот Александар Вучиќ уште еден мандат да ја води идната влада во Србија!
„Мислам дека тоа е добар избор, дека таа својата работа ќе ја извршува сериозно и одговорно“, изјави Вучиќ во телевизиското обраќање.
Владата ќе има две нови министерства – за човекови права, родова рамноправност и оштествен дијалог, како и министерство за грижа за семејството, децата и демографијата.
Многу е важно дека изборите поминаа мирно, без никакви инциденти и важно е дека граѓаните на Србија покажаа колку ја почитуваат демократијата и изборите “, рече Вучиќ!
„Ако ги погледнеме последните 20 години, од поразите што ги доживеавме во 1999 година, и воени и политички, до страшните порази што ги доживеавме по 2000 година, кога корупцијата беше единствената работа на политичарите, успеавме да ја вратиме земјата на вистинскиот пат, економски напредок и политички промени рече Вучиќ во обраќањето!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.