Меркел го изјави ова на германско-грчкиoт бизнис-форум во Берлин, бидејќи акциите во Европа и на други места паднале како резултат на зголемениот прекин предизвикан од епидемијата на коронавирус, пренесува АП.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 март, 2020 18:32

АНГЕЛА МЕРКЕЛ ЈА ОТКРИ НАЈЕФИКАСНАТА МЕРКА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ: Ова никој не го очекуваше!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека не смета оти мерките за забавување на ширењето на коронавирусите се залудни, велејќи дека тие „купуваат драгоцено време“.

Ангела Доротеа Меркел  родена Каснер; р. 17 јули 1954) — германска политичарка и поранешен научник, која е канцелар на Германија од 2005 и водач на Демохристијанскиот сојуз (ДХС) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција. Во 1977, Ангела Каснер се омажила за студентот по физика Улрих Меркел и го зела неговото презиме. Бракот завршил со развод во 1982. Нејзиниот втор и денешен сопруг е квантен хемичар и професор Јоахим Зауер, кој во голема мерка останал надвор од медиумите. Прв пат се сретнале во 1981,подоцна станала двојка и се венчале на приватна церемонија на 30 декември 1998.Таа нема деца, но Зауер има два возрасни сина од претходниот брак. Меркел е позната по несакањето кучиња. Таа е страстен фудбалски обожавател и била позната по тоа дека ги слушала натпреварите додека била во Бундестагот и е чест гостин на официјалните натпревари на националната репрезенција.

Меркел го изјави ова на германско-грчкиoт бизнис-форум во Берлин, бидејќи акциите во Европа и на други места паднале како резултат на зголемениот прекин предизвикан од епидемијата на коронавирус, пренесува АП.

Таа посочи дека иако вирусот ќе продолжи да се шири, тоа не значи дека сè што се прави во сите земји, вклучително и Германија, е залудно. Најефективната антивирусна работа е временскиот фактор, за да се избегне преоптоварување на лекарите и болниците, објасни Меркел.

Германската канцеларка рече дека времето е вредно за научниците да можат да истражуваат лекови против коронавирус и вакцини и дека Владите би можеле да помогнат со зголемување на заштитна опрема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.