Најмногу отворања, односно 92 отсто се од земјава, два отсто од САД, еден од Германија и останатите пет отсто од повеќе земји меѓу кои Србија, Австрија, Бугарија…

Објавил: admin@magazin | 25 јануари, 2020 18:33

Ангеловска: Платформата Отворени финансии за два месеца има над 203.000 прегледи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

-Пред околу два месеци, го отворивме Трезорот на државата на увид под будното око на јавноста. Граѓаните сега може да следат каде оди секој денар од државната каса. Транспарентноста останува наш приоритет, пишува на својот Фејсбук профил министерката Нина Ангеловска.

За два месеца платформата Отворени финансиии имала 203.605 прегледи од страна на 19 илјади корисници, кои просечно поминувале 7.07 минути, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Најмногу отворања, односно 92 отсто се од земјава, два отсто од САД, еден од Германија и останатите пет отсто од повеќе земји меѓу кои Србија, Австрија, Бугарија.

-Пред околу два месеци, го отворивме Трезорот на државата на увид под будното око на јавноста. Граѓаните сега може да следат каде оди секој денар од државната каса.

Транспарентноста останува наш приоритет. Покрај Open Finance, набргу ја отвораме и платформата за јавен долг, со која јавноста ќе може да го следи долгот, односно задолжувањата и раздолжувањето, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на социјалните мрежи.

Според неа #ОтворениФинансии open.finance.gov.mk е највисок степен на фискална транспарентност и отчетност.

-Фискалната транспарентност, вели е основата во градењето на ефикасен систем на јавни финансии, врз кои пак се темелат економскиот раст и развој на секоја земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...