Во емисијата „Само Вистина„ на Канал 5 вечерва беа гости Генералот Стојанче Ангелов и Љупчо Ристовски од ВМРО ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јуни, 2019 20:54

АНГЕЛОВ: “Македонија веќе влезе во НАТО” – Ристовски контра: “СО ЛАГА АГА НЕ СЕ БИДУВА”

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 дебатираа Генерал Стојанче Ангелов и Љупчо Ристовски.

Во емисијата „Само Вистина„ на Канал 5 вечерва гости беа Генералот Стојанче Ангелов и Љупчо Ристовски претседател на партијата Интегра.

Ангелов во гостувањето на Канал 5, нагласи дека Македонија е веќе во НАТО и на праг на ЕУ и неколку месеци нема да сменат ништо за влезот на земјава во европското семејство. Тој тврди дека договорот што се склучи со Грција вредеше.

На тоа контра реплика му одговори Ристовски и рече дека со лага ага не се бидува, бидејќи Преспанскиот договор нанесе ненадоместливи штети и сржта на проблемот остана.

– Ако не попуштевме да дојдеме до компромис бранејќи го името , ќе го изгубевме македонскиот народ, истакна генерал Стојанче Ангелов.

– Нацијата ќе направи пресврт и таа маса на народ што не го поддржа договорот ќе го направи своето. Се подготвуваме како утре да треба да има избори, правиме меѓународни вмрежувања со влијателни европски организации, објаснува Ристовски. 

Стојанче Ангелов во своите јавни политички настапи застапува македонски патриотски ставови, особено во однос на заканите на големоалбанскиот шовинизам. Во годините по воениот конфликт е постојано деградиран во чиновите. Во јавноста активно се залага за правата на македонските бранители преку здружението „Достоинство“.

Видео од вечерашната емисија „Само Вистина„ на Канал 5.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика