емјава располага со два хеликоптери во моментов, кои што можат да гасат наутро и пред вечер поради високите температури, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, кој кажа дека од Србија попладнево стигнуваат хеликоптери на помош. Но сепак земјената борба останува главна против огнот.

Објавил: Владо Марин | 3 август, 2021 16:21

Ангелов: Нема потреба од прогласување на кризна состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пожарникарите и армијата ја продолжуваат битката на неколку фронта против пожарите кои што беснеат ширум земјава, но во отежнати услови поради ограничените капацитети, пренесе Канал 5!

Земјава располага со два хеликоптери во моментов, кои што можат да гасат наутро и пред вечер поради високите температури, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, кој кажа дека од Србија попладнево стигнуваат хеликоптери на помош. Но сепак земјената борба останува главна против огнот.

На температури повисоки од 37 не е безбедно летањето на хеликоптер, едноставно ги загрозуваме животите на посадата, дали заради задоволување на нечии болни амбиции треба да ги ризикуваме животите на нашите пилоти, „safety first“, нека изгори се, нека бидат здрави и живи луѓето, вели Стојанче Ангелов.

Авионите кои што можат да послужат за гасење на пожарите не се сервисирани и се заглавени во тендерска постапка, но од дирекцијата за заштита и спасување уверуваат дека до октомври ќе ги имаме на располагање, иако во моментов се прекупотребни.

Ангелов вели дека пожарот во Кочани најверојатно е предизвикан од кабли од бандери, кој обвинувањата дека станува збор за истиот од пред неколку дена и не бил изгаснат ги нарече ноторна невистина. Тој побара зрелост од политичките чинители во земјава, да помогнат и да повикаат на смиреност, а не да ги разгоруваат страстите и да се бават со дневна политика на грбот на кризата.

Републиката е во пламен и немам време да размислувам за неважни работи како што се барањата за моја оставка. Нека залади, па ќе размислувам за тоа, ќе се направат анализи и ако сум потфрлил, јас ќе си дадам оставка и ќе си заминам од овде. Ама ако не сум потфрлил, тогаш ќе барам извинување. Издржав куршум во војната ќе го издржам и гневот на јавноста, вели Стојанче Ангелов.

Ангелов информираше дека не е донесена одлука за прогласување на кризна состојба во одредени предели на земјава, но ситуацијата ќе се следи и понатаму, па согласно ќе се реагира. До утринава активни биле околу 15 пожари, од кои 10 се изгасени. Најголема опасност покрај оној во Кочани, преставува огнот од Старо Нагоричани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести