Како премиер прво би го променила целокупниот политички систем што би ја одзаробила државата од големите владеачки гарнитури, децидна е Грчева.

Објавил: admin@magazin | 10 мај, 2019 20:52

АНГЕЛОВ: „Со најавата за „метлата“ Заев, практично призна дека има слабости во работењето”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вечерва гости во „Само вистина“ на Канал 5 беа Солза Грчева и Стојанче Ангелов. Тој рече дека со најавата за „метлата“ Заев, практично призна дека има слабости во работењето и тоа е добар почеток на чистката.

Во вечерашното гостување на Канал 5 во емисијата „Само вистина„ гостуваа генералот Стојанче Ангелов и независниот пратеник Солза Грчева. Ангелов во емисијата изјави дека „Диво насеље“ е чист масакар, и како што наведе се надева дека нема да се повторат такви единични истапи што го дразнат народот, бидејќи на граѓаните им е преку глава од насилство и треба да се најде вистинскиот начин за помирување.

Додека пак независната пратеничка Грчева, рече дека ова е вистинска трагедија, но за жал селективната правда се уште владее, вака не се прави помирување.

Како премиер прво би го променила целокупниот политички систем што би ја одзаробила државата од големите владејачки гарнитури.

Ангелов рече дека со најавата за „метлата“ Заев, практично призна дека има слабости во работењето и тоа е добар почеток на чистката.

Потребено е вистински да профункционира законот за финансирање партии за да не продуцираме владетели кои ќе располагаат со големи името и да не трошиме енормни суми на кампањи, пример нека ни биде Холандија која последните избори ја чинеа само сто илјади евра, смета Грчева.

Солза Грчева е независен пратеник. Родена на 4.8.1954 во Штип и Доктор по компјутерски науки, УКИМ, ПМФ, а додека пак Стојанче Ангелов е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.

Во Радуша го зафатил почетокот на вооружените дејствија од 2001 година. Кога се случил нападот на тетовското Кале, го пратиле како командант во посебните единици во Тетово. Останал околу три месеци во Тетово. Потоа станал заменик командант на Тигрите. Бил учесник во битката кај Арачиново, каде што бил и ранет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести